Досега се одиграа 37 кола во Примера, а Барди во својата деби сезона во Шпанија има фантастичен учинок, 27 пати шутнал кон противничкиот гол, дал девет погодоци.
Според оваа статистика, Барди е вториот најефективен фудбалер во Примера, подобар од него е само Санти Мина од Валенсија со 12 голови од 32 шута. Идентичен скор како нашиот фудбалери има и Седрик Бакамбу од Виљареал.
Меси и Кристијано Роналдо имаат значително полоша статистика. Меси има постигнато 34 погодоци од 152 обиди, што е 22,4% ефективеност. Роналдо е уште полош со 25 гола од 136 шута, или 18,38% ефективеност.
Табела на 30 најефективни фудбалери во Примера оваа сезона:
1. Санти Мина (Валенсија): 37,5% (12 гола од 32 шута)
2. Енис Барди (Леванте): 33,3% (9 гола од 27 шута)
– Седрик Бакамбу (Виљареал): 33,3% (9 гола од 27 шута)
4. Антоан Гризман (Атлетико Мадрид): 31,6% (19 гола од 60 шута)
– Кристијан Стуани (Жирона): 31,6% (19 гола од 60 шута)
6. Иаго Аспас (Селта): 29,8% (20 гола во 67 шута)
7. Хуанми (Реал Сосиедад): 29,6% (8 гола од 27 шута)
8. Макси Гомез (Селта): 27,6% (16 гола од 58 шута)
9. Луис Суарез (Барселона): 26,9% (25 гола од 93 шута)
10. Кристијан Порту (Жирона): 26,8% (11 гола од 41 шут)
11. Карлос Бака (Виљареал): 26,3% (15 гола од 57 шута)
12. Микел Ојарзабал (Реал Сосиедад): 25% (12 гола од 48 шута)
13. Анхел Родригез (Гетафе): 24,5% (13 гола од 53 шута)
14. Родриго Морено (Валенсија): 24,2% (16 гола од 66 шута)
15. Серхио Леон (Бетис): 23,9% (11 гола од 46 шута)
16. Герет Бејл (Реал Мадрид): 23,8% (15 гола од 63 шута)
17. Паулињо (Барселона): 23.7% (9 гола од 38 шута)
18. Лео Меси (Барселона): 22,4% (34 гола од 152 шута)
19. Бен Једер (Севиља): 22,2% (8 гола од 36 шута)
20. Симоне Заза (Валенсија): 21,8% (12 гола од 55 шута)
21. Хозе Луис Моралес (Леванте): 20,9% (9 гола од 43 шута)
22. Карлес (Еибар): 20,5% (8 гола од 39 шута)
– Анхел Кореа (Атлетико Мадрид): 20,5% (8 гола од 39 шута)
24. Мунир Ел Хадади (Алавез): 19,6% (10 гола од 51 шут)
25. Жерард Морено (Еспањол): 19% (16 гола од 84 шута)
26. Кристијано Роналдо (Реал Мадрид): 18,38% (25 гола од 136 шута)
27. Аритц Адуриз (Атлетик Билбао): 18,36% (9 гола од 49 шута)
28. Раул Гарсија (Атлетик Билбао): 14,7% (10 гола во 68 шута)
29. Лео Баптистао (Еспањол): 13,1% (8 гола во 61 шут)
30. Џонатан Калери (Лас Палмас): 10,9% (8 гола во 73 шута)