Балотели се врати во репрезентацијата на Италија со гол, навивачите го пречекаа со навредлива парола (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Новата ера на
Италија со Роберто Манчини на кормилото започна со победа, „Аѕурите“ вечерва со
2-1 триумфираа над Саудиска Арабија.

Резултатот го
отвори повратникот во репрезентацијата, Марио Балотели кој по речиси четири
години одново го облече дресот на Италија. Напаѓачот сам си создаде простор и прецизно
биеше од врвот на шеснаесетникот за 1-0 во 21. минута.

Андреа Белоти во
вториот дел зголеми на 2-0, а Саудиска Арабија намали на 2-1 по грешката на
Запакоста.

Популарниот
„Супер Марио“ доби аплауз кога го напушти теренот но имаше и еден некоректен
транспарент со навреда на расна основа. По најавите дека
Балотели би можел да биде капитен доколку Бунучи не настапи, на стадионот во Сент
Галент се појави порака која гласеше: „Мојот капитен има италијанска крв“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани