Балотели го посвети голот за Италија: Знам дека е малку доцна и дека веќе ти си на горе на небото

by
1 минути читање

Роберто Манчини
го презеде кормилото на најсилната фудбалска репрезентација на Италија а донесе
и една помалку изненадувачка одлука на почетокот откако испрати повик до Марио
Балотели.

Напаѓачот на
француска Ница кој летово ќе добие нов клуб синоќа му беа потребни само 21
минута за да погоди на пријателскиот меч против Саудиска Арабија кој Италија во
Сент Гален, Швајцарија, го доби со 2-1, истиот, беше посветен на поранешниот
капитен на Фиорентина Давиде Астори, кој неодамна беше пронајден мртов во својата хотелска
соба.

Знам дека малку
е доцна и дека веќе ти си горе на небото. Јас сум убеден дека ме гледаше од
горе заедно со мојот татко. Овој гол, иако не значи многу, иако нема некое
големо значење, ти го посветувам тебе
“ напиша Балотели на социјалните мрежи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани