Балотели ги разочара навивачите на Ница: Останаа уште само пет натпревари… (ФОТО)

by
1 минути читање

Марио Балотели
мина две години во дресот на францускиот прволигаш Ница, на кои забележа 46
настапи, а воедно постигна и 29 погодоци.

На пет кола до
крајот на француската Лига 1, 27 годишниот италијански напапач упати
благодарност до фановите на Ница за големата поддршка која му ја пружиле, но за
момент остави и дилема зад себе.

Познато е дека
постои веројатност Балотели да се врати во Серија А, се споменуваат Наполи и
Рома како заинтересирани екипи за неговиот потпис, но тој во својата порака на
социјалните мрежи истакна дека ова не е збогување бидејќи ништо не се знае за
иднината.

Поминаа две
прекрасни години, им благодарам на сите, останаа уште пет натпревари (ова не е
збогување, никогаш не знаете што носи иднината, сакав само да се заблагодарам)

напиша Балотели чиј договор со Ница истекува ова лето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани