71
Балотели е повторно на насловните страници поради расистички проблеми, беше навредуван од италијански фанови откако ја доби капитенската лента.
На напаѓачот не му е сеедно, но вели дека е силен и одлучен во борбата против расизмот.
„Секако дека ако бев бел ќе имав помалку проблеми. Пред две години на мечот меѓу Јувентус и Интер ме нарекуваа „негро“, „мајмун“, на некои натпревари ми велеа „врати се во Африка“, ме имаат мавано со банани. Но среќен сум што добивам многу писма од деца кои ме гледаат како идол кој се бори против расизмот“, вели Балотели.