Баји му препорачал сонародник на Мурињо

by
2 минути читање

20 годишниот
Франк Кесие блеска со партиите во дресот на Аталанта оваа сезона, па го
привлече вниманието на најголемите клубови од Италија и Европа.

Јувентус, Рома,
Интер, Милан, Челси, Арсенал, Манчестер јунајтед, Манчестер Сити, Ливерпул и
Баерн Минхен се клубовите кои го следат прогресот на репрезентативецот на БСК.

Според пишувањата
на медиумите од „Островото“, летното засилување на „Црвените Ѓаволи“, Ерик Баји го советувал Жозе Мурињо да го ангажира неговиот сонародник.

„Баји на клубот му го
препорача својот колега од репрезентацијата, Кесие
– вели извор од Манчестер јунајтед. „Мисли дека Кесие
може да биде новиот Јаја Туре
.

„Го следеа за
време на Купот на Африкански нации и им се допадна она што го видоа. Но има и
други клубови кои внимаваат на него
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани