Мајкл Олисе се почесто се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, но според информациите од германските медиуми, Баерн Минхен нема намера лесно да се откаже од еден од своите најважни фудбалери.
„Скај Германија“ пренесува дека баварскиот гигант би размислил за продажба само доколку пристигне понуда поголема од 200 милиони евра. Со таква сума Олисе би се доближил до најскапите трансфери во историјата на фудбалот.
Во Минхен очигледно не брзаат да го продадат францускиот репрезентативец, кој со одличните настапи се наметна како еден од клучните играчи во тимот.
Останува да се види дали Реал Мадрид ќе покаже конкретен интерес и дали би бил подготвен да влезе во преговори за трансфер кој би можел да достигне рекордни размери.