Баерн Минхен на тапет кај УЕФА поради влегувањето на навивачи на теренот, но и транспаренти против Европската куќа на фудбалот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Баерн Минхен
синоќа загуби од Реал Мадрид пред своја публика со 1-2 во првата пресметка
помеѓу овие две екипи во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Тоа што се случи
по крајот на средбата во Минхен може да му донесе голема казна на германскиот
тим, откако по последниот свиреж на главниот арбитар неколку навивачи од сите
страни на трибините влегоа на теренот а редарите не беа во можност сите да ги
спречат.

Сепак, не беше
само тоа проблем кој влезе во нотесот на  делегатот, УЕФА соопшти дека дисциплинска
постапка ќе биде покрената и поради истакнувањето на недозволени транспаренти
против Европската куќа на фудбалот, а конечната одлука за овој предмет ќе биде
донесена на крајот од идниот месец.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани