Тимот на Јуп Хејнкес ја оствари победата која им беше потребна за и теоретски да ја осигураат титулата во Бундеслигата, денска со 4-1 славеа на гостувањето кај Аугсбург.
Баерн лошо го почна мечот, со автогол на Шуле за водство на Аугсбург, но потоа погодија Толисо, Родригез, Робен и Вагнер за убедлива победа.
Второплаираниот Шелке веќе нема ниту теоретски шанси да го стигне Баерн, а тоа значи шесто славје по ред за Баварците.
Ова беше и четврта титула во Бундеслигата за Јуп Хејнкес како тренер на Баерн Минхен. По освојувањето тој не пропушти да му се заблагодари и на Карло Анчелоти кој ја почна сезоната.
„Сакам да му испратам најдобри желби на Карло Анчелоти во Италија. Оваа титула исто така е и негова. Тој е фантастичен тренер“, изјави Хејнкес.