Баер Леверкузен, кој ја завршува оваа сезона како вицешампион во Бундеслигата, веќе се соочува со сериозни предизвици за летниот преоден рок. Според германските медиуми, Баерн Минхен има намера да им го собере најдоброто.
Главна мета на баварскиот гигант е младиот креативец Флоријан Вирц, кој на 22 години зад себе има блескава сезона со 10 голови и исто толку асистенции. Баерн го гледа како идеално засилување за својата средина.
На списокот на желби на Баерн се и двајцата искусни фудбалерит Џонатан Тах, чиј договор со Леверкузен истекува ова лето и голгетерот Патрик Шик, кој оваа сезона блесна со 19 погодоци во сите натпреварувања.
Покрај играчкиот кадар, неизвесна е и иднината на шефот на стручниот штаб Чаби Алонсо, кој веќе подолго време се поврзува со потенцијално враќање во Реал Мадрид, сега како тренер.
Во Леверкузен очекуваат бурно лето, а челниците на клубот веќе почнуваат да подготвуваат стратегија за задржување на клучните имиња или за нивна достојна замена.
Фото: Bayern 04 Leverkusen/FB