Челси има
катастрофална сезона зад себе, не само што е далеку од одбрана на титулата во
најсилниот англиски фудбалски шампионат, туку е далеку и од пласман помеѓу
четирите најдобри екипи на табелата во Премиерлигата, односно, во местата кои
водат до Лигата на шампионите.
Очигледно,
ваквиот развој на настаните не го загрижува Еден Азар, кој објасни каков
бенефит би имал Челси доколку не избори место во Лигата на шампионите за
следната сезона.
„Кога играте за
клуб каков што е Челси, постојано сакате да бидете дел од Лигата на шампионите,
секоја година, но, ланската немавме можност да бидеме дел од тоа
натпреварување, а ја освоивме титулата во Премиерлигата, понекогаш лошите
работи можат да креираат и нешто добро“ смета Белгиецот.