Челси има лоша
сезона зад себе во Премиерлигата, каде не само што беше далеку од одбрана на
титулата, туку и под знак прашање е настапот во Лигата на шампионите за
следната сезона, а за тоа ќе се бори до крајот од првенството, триумфираше над Ливерпул, но сега ќе чека негов кикс против
Брајтон, но и ќе треба да ги добие дуелите против Хадерсфилд и Њукасл.
Првата ѕвезда на
Сините од Лондон, Еден Азар вели дека е среќен во Челси, додава дека сака да
игра во Лигата на шампионите, но, тоа не е приоритет.
„Правам добри
работи овде, среќен сум во клубот, работите можат и да се придвижат кон
подобро, но и да останат во место, ќе видиме што ќе се случи“ рече Азар.
„Луѓето ме сакаат
овде, моите соиграчи се прекрасни луѓе, моето семејство е среќно тука. Секако
дека сакам да играм во Лигата на шампионите, но, тоа не е приоритет“ додаде
Белгиецот.