Заврши
долгогодишната функција на Арсен Венгер на клупата на Арсенал, кој денес, за
последен пат го предводеше тимот од Лондон во Премиерлигата на гостувањето кај
Хадерсфилд во последното коло од Премиерлигата за сезонава, во мечот без
никакво резултатско значење за обете екипи.
Хадерсфилд избори
опстанок во елитата, додека пак Арсенал обезбеди место во Лига Европа за
следната сезона, а домаќините му направија шпалир на Венгер со тоа што му
направија огромна чест на Французинот.
class="twitter-tweet" data-lang="en">
Тренерот на
Арсенал доби и подарок дрес со бројот „1235“ со боите на Хадерсфилд и Арсенал. Покрај
тоа, вреди да се издвои и пораката која осамна на еден банер кој носеше порака
„Ти благодариме Венгер, ќе ни недостасуваш“, а вториот авион носеше порака „Еден
е Арсен Венгер – Легенда на Арсенал“.
class="twitter-tweet" data-lang="en">
Венгер го
предводеше Арсенал на 1235 натпревари, а оствари 706 победи, 280 ремија, како и
248 порази.