Андер Ерера е
веќе петта сезона член на Манчестер јунајтед, но, за 29 годишниот фудбалер од
средниот ред на Премиерлигашот, ова може да биде последната сезона во дресот на
тимот од Олд Трафорд.
Договорот на
Шпанецот истекува идното лето, а нема најави за продолжување на соработката, па
токму неговиот поранешен клуб, од каде дојде на Островот, Атлетик Билбао
потврди дека е заинтересиран да го врати во Шпанија.
Спортскиот
директор на шпанскиот прволигаш, Рафаел Алкорта потврди дека Атлетик Билбао има
желба да го врати Ерера, но, меѓудругото, тој ги откри картите пред јавноста,
па ги наведе сите желби на клубот.
„Ние сме
заинтересирани за Хави Мартинез, Ибаи Гомез, Андер Ерера, Фернандо Љоренте… заинтересирани сме за сите нив“ наведе Алкорта.
„Ние сме свесни
дека за ниту еден од фудбалерите кои ги наведов нема да биде лесно да ги
доведеме во нашите редови, но, заинтересирани сме да ги увидиме можностите до
каде можеме да одиме“ заклучи првиот оперативец на шпанскиот прволигаш.