Барселона на лето
ќе го добие Артур, фудбалерот на Гремио кому му се предвидува блескава кариера,
а има зошто, тој располага со голем талент и квалитет кој на големо го
демонстрира на фудбалските терени.
Звучи интересно,
но тоа го потврди и самиот фудбалер, Артур за тоа дали се пресели во Барселона
се консултирал со Нејмар, екс фудбалерот на каталонскиот гигант кој за рекордни
222 милиони евра премина во ПСЖ, а воедно и Кутињо, кој во зимскиот преоден рок
од Ливерпул направи трансфер во Барселона, и од двајцата добил само позитивни
коментари за градот, како и клубот.
„Среќен сум
поради тоа што преговорите завршија успешно, и за Гремио, и за мене. Го
прашував Нејмар за Барселона и ми даде само убави коментари, Кутињо исто така
ми рече дека е воодушевен од градот и дека се работи за неверојатен клуб за кој
е задоволство да се игра“ откри Артур.
Останува отворено прашањето дали Барселона ќе го остави Артур во Гремио како позајмен фудбалер до јануари идната година.