Артета се поблиску до клупата на Арсенал, а негов асистент ќе биде поранешен фудбалер на Ливерпул?

by
1 минути читање

Одредени медиуми
пренесуваат дека Микел Артета ќе биде промовиран во нов тренер на Арсенал во
деновите кои претстојат, наводно Шпанецот постигнал договор со челниците на
клубот од Лондон, а и самиот Арсен Венгер кој се повлекува по цели 22 години не
бираше зборови со комплименти за поранешниот фудбалер на Арсенал кој моментално
му асистира на Пеп Гвардиола на клупата на Манчестер Сити.

Многу имиња се
споменуваа како идни наследници на Венгер, но очигледно е дека Шпанецот е прв
избор, постои и една интересна најава, која вели дека асистент на Артета ќе
биде поранешниот фудбалер на Ливерпул, Реал Мадрид и Баерн Минхен, Чаби Алонсо.

Познато е дека
Алонсо и Артета се блиски пријатели, па се најавува дека веднаш штом стапи на
кормилото на Арсенал, Артета ќе го назначи Алонсо за дел од стручниот штаб на
Топчиите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани