Тренерот на Арсенал, Микел Артета, и покрај поразот во финалето на Лигата на шампионите од ПСЖ истакна дека е горд на сезоната која ја одиграа неговите фудбалери.
Шпанскиот стратег потсети дека Арсенал по пауза од 22 години повторно стигна до финале во најелитното европско клупско натпреварување, оценувајќи дека тоа е успех што не смее да се занемари.
„Арсенал долго време не бил дел од едно вакво финале и затоа мора да го цениме она што го постигнавме. ПСЖ е фантастичен тим со врвни индивидуалци и одличен тренер. Исклучително сум горд на моите играчи и на сè што покажаа низ сезоната. За мене е чест да работам со оваа група. Успеавме да ја освоиме Премиер лигата, но не и најпосакуваниот клупски европски трофеј“, порача Артета.
Тој се осврна и на спорната ситуација во продолжението од натпреварот, кога Нуно Мендеш стартуваше врз Мадуеке во казнениот простор на ПСЖ.
Според Артета, неговиот тим имал сериозни аргументи да добие најстрога казна.
„Тоа беше ситуација која многу лесно можеше да биде окарактеризирана како пенал. Во изминатите денови детално ги анализирав сите досудени пенали во Лигата на шампионите оваа сезона и според критериумите што беа применувани, оваа одлука можеше да биде во наша корист“, истакна шпанскиот тренер.
Ok voit tous Madueke accrocher le bras de Nuno mais y a penalty pic.twitter.com/XefUTWSpsP
— Halal Man (@MiilkyD) May 30, 2026