77
Одличниот
германски голман и довчерашен чувар на мрежата од голот на Баер Леверкузен, 26
годишниот Бернд Лено е нов член на англиски Арсенал.
Германецот
пристигна во тимот од Лондон кој за него издвои 22 милиони евра, а тој истакна
дека вечно ќе му биде благодарен на бундеслигашот за првотимскиот статус кој му
го укажа уште на 19 годишна возраст.
„Вечно
ќе сум благодарен на Баер Леверкузен, тоа е клуб кој ми даде првотимски статус
на 19 години“ рече Лено кој е второ засилување за Топчиите за летниот преоден
рок по Стефан Лихтштајнер од Јувентус.