Арсенал ќе потроши 200 милиони на три големи засилувања, еве како можат да изгледаат „топчиите“ (ФОТО)

by bojan
1 минути читање

Клубот од Северен Лондон е подготвен да инвестира голема сума за засилување на тимот за сезоната 2025/26, се шпекулира дека Арсенал ќе потроши околу 200 милиони за ангажман на Виктор Гјокереш, Нико Вилијамс и Мартин Зубименди.

„Топчиите“ беа критикувани откако во јануари не донесоа нов напаѓач, особено по големиот број на повреди со кои се соочи Микел Артета.

Па се најавува дека грешката ќе биде исправена во летниот преоден рок и се почесто се говори за тоа кои се трансфер желбите на Арсенал.

Последните информации велат ќе бидат инвестирани околу 200 милиони евра за ангажан на три големи засилувања – Виктор Гјокереш од Спортинг Лисабон, Нико Вилијамс од Атлетик Билбао и Мартин Зубименди од Реал Сосиедад.

Интересот за овие играчи не е нов, тие подолго време се во бележникот на клубот од Северен Лондон, и доколку „топчиите“ успеат да ги комплетираат овие зделки, нивниот стартен тим следната сезона ќе изгледа прилично моќно.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани