Арсенал и Сити поминаа понатаму, ако утре нема изненадувања ќе има две мега двојки во полуфиналето од Лига Купот

by
1 минути читање

Арсенал со гол на Велбек во 42. минута го совлада Вест Хем со 1-0.

Поинтересно беше на дуелот помеѓу Лестер и Манчестер Сити. Гостите водеа со погодок на Бернандо Силва во 26. минута, изедначи Варди од пенал во 97.

Натпреварот отиде во продолженија, а таму немаше погодоци па пеналите го решаваа победникот.

Во пенал серијата промашија двајцата најдобри играчи на Лестер, Варди и Марез, па на крајот Манчестер Сити се радуваше на победа.

Утре се играат останатите две четвртфинални двојки, Челси го пречекува Борнмут, а Манчестер јунајтед му гостува на Бристол Сити.

Ако нема изненадување на овие дуели, во полуфиналето ќе видеме две мега пресметки помеѓу англиските гиганти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани