Арсенал го одбил Хари Кејн бидејќи бил буцко

by
1 минути читање

Хари Кејн како осум годишно момче се приклучил на академијата на Арсенал, но заминал по само една година.

Тој потоа си ја пробал среќата во Тотенхем, и сега е прва ѕвезда на „Спарси“. Откако минатата недела стигна до голот број 100 во Премиерлигата, Хари Кејн истакна дека тоа што Арсенал го одбил е „најдоброто нешто што можеше да ми се случи“.

Изминатиов викенд Хари Кејн одново беше кобен за „Топчиите“ откако го постигна единствениот гол на дербито на Северен Лондон на Вемблии.

Лиам Брејди сега ја открива причината поради која Арсенал се откажал од Хари Кејн, поранешниот прв човек на академијата вели дека напаѓачот бил буцко.

„Тој беше буцко, не беше атлетски граден“ – вели Брејди. „Но да, направивме грешка“.

„Сепак, и Тотенхем немаше голема верба во него, три-четири пати го испрати на позајмица во нисколигашки клубови“.

„Но неговата одлучност му помогна да изгради извонредна кариера и целосно го заслужи ова. Има карактер кој го тера постојано да се подобрува“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани