Арсенал фрлил мерак на Македонци, сакаат да го купат и Кулушевски

by
1 минути читање

Додека Македонија и Шведска водат битка за Кулушевски, тој напредува во кариерата. Во моментов е еден од најдобрите во тимот на Аталанта, а со добрите игри го привлекол вниманието на Арсенал и уште неколку клубови.

Според „Калчомеркато“, Аталанта веќе има добиено неколку понуди за Кулушевски а едната од нив е од Арсенал.

Но италијанскиот клуб нема намера лесно да се откаже од Македонецот, планира да не го продаде и следната сезона да го промовира во првиот тим.

Ваквите желби на Аталанта зависат и од висината на понудите кои ќе го добијат, доколку не можат да одолеат на некоја сума би можеле да го продадат.

Кулушевски игра централно во средината на теренот, но може да игра и странично. Тој има одиграно еден турнир за јуниорските селекции на Македонија, но настапува младите селекции на Шведска. Засега Швеѓаните се во предност, но се додека не заигра за нивната сениорска репрезентација останува надеж дека Македонија може да го убеди.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани