Арсенал бележи профит и без настап во ЛШ, „Топчиите“ имаат кеш резерви од 137 милиони фунти

by
1 минути читање

„Топчиите“ за прв пат по 20 години не обезбедија настап во најелитното европско натпреварување па тоа придонесе намалување на приходите од фудбалски операции во последниот финансиски извештај за 23,4 милиони фунти (од 191,1 во 2016 на 167,7 милиони фунти во 2017).

Но трансферите на Алекс Окслејд Чемберлејн, Киран Гибс, Габриел и Воичех Шчесни придонесоа за нешто под 60 милиони фунти профит од продажба на играчи

Благодарејќи на ова, шест месечниот финансиски резултат заклучно со 30. ноември носи профит од 25.1 милион фунти.

Покрај тоа што Арсенал нема никаков долг, кеш резервите се зголемени на 137,6 милиони фунти во споредба со 100.5 милиони фунти од пред 12 месеци.

На фановите на Аренал ваквите бројки сигурно нема да им значат многу, нив повеќе ги интересира успех на терените, каде нивните миленци имаат уште една разочарувачка сезона и ризикуваат втора година по ред да не настапат во Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани