Арената се шминка за мечот со Велс, ФФМ ги исчисти столчињата! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалската федерација на Македонија работи во полна пареа во подготовките за новиот квалификациски циклус на патот кон Светското првенство. Трибините на Арената „Тодор Проески“ се детално исчистени и самите столчиња изгледаат како да се потполно нови.

Секое столче, секој агол. Националната арена во полн сјај! ФФМ ги светна столчињата, ги исчисти трибините, го средува теренот…промените се случуваат“, напишаа од ФФМ.

Македонија ќе го одигра првиот домашен меч во ерата на новото раководство на 25 март против Велс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани