Ангеловски со промени во почетниот состав против Ерменија во однос на оној против Лихтенштајн

by
1 минути читање

Најдобрата
македонска фудбалска репрезентација денес (18,00) гостува кај Ерменија во
Ереван во рамките на четвртото коло од групата „4“ во Лигата „Д“ од Лигата на
нации каде нашите сениори имаат максимален ефект од три победи досега.

Со неколку
измени, селекторот Ангеловски го определи почетниот состав за денешната
пресметка, од првата минута, нема да стартуваат Хасани, Бејтулаи, Елмас и
Несторовски, кои беа стартери на последниот дуел против Лихтенштајн кој
Македонија во Скопје го доби со 4-1, на нивно место од првата минута ќе почнат
Ристовски, Спировски, Ристевски и Адеми.

Македонија:
Димитриевски, Зајков, Ристевски,
Адеми, Муслиу, Барди, Алиоски, Трајковски, Пандев, Ристовски и Спировски.


Главен арбитар на
мечот ќе биде шведскиот судија Мартин Стромбергсон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани