Ангеловски: Може да биде погубно ако ја потцениме Ерменија

by
1 минути читање

Македонија утре во Ереван против Ерменија го игра четвртиот натпревар од Лигата на нации и ќе ја брка четвртата победа со која ќе го потврди првото место во групата.

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски вели дека треба да играме како да сме рамноправни со Ерменија на табелата и не смееме да го потцениме противникот.

„Нивниот пораз од Гибралтар не треба да влијае на нас. Ние знаеме дека Ерменија е добра репрезентација. По поразот од Гибралтар може против нас да влезат лути, со поголема мотивација“, вели Ангеловски на денешната прес конференција.

„Не размислуваме на Европското првенство, мислиме само на следниот меч и како да дојдеме до поволен резултат. Не смееме да го потцениме противникот, тоа може да биде погубно за нас. Во натпреварот мора да влеземе како да имаме ист број на бодови и да одиме на победа. Не се тркаме само со ривалите од нашата група, туку и со останатите“.

„Ерменија игра исто како и со претходниот селектор. Играта и тактиката ни се познати, подготвени сме за нив, можеме да одговориме на било која нивна формација. Мислам дека е најважно ние како ќе одиграме“.

Натпреварот меѓу Ерменија и Македонија се игра утре (вторник) со почеток од 18 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани