Македонија изминативе
месеци покажа дека местото не ни е на дното во Европа, го обезбеди првото место
во Групата 4 со пет победи и еден пораз и се избори за промоција во ранг
погоре, односно во Лига Ц.
Но што е поважно,
„Црвено-жолтите“ ќе бидат дел од баражот кој ќе се одигра во март 2020 преку
кој една од четирите првопласирани репрезентации во Лига Д ќе избори настап на
Европското првенство, што за нас може да значи испишување на нова историја.
„Целта сега е
пласман на ЕП 2020 и тоа ќе го барам од фудбалерите“ – вели селекторот Игор
Ангеловски по триумфот од 4-0 над Гибралтар на „Филип Втори“.
„Немам некоја
посебна желба за следниот противник. Ќе видиме кој ќе ни се падне, но јас
повеќе сакам да се гледаме сами себе. Се надевам дека тоа полуфинале кое ќе го
играме на домашен терен ќе побуди големо внимание, зошто фудбалерите заслужија
поддршка. Јас можам само да им се заблагодарам на сите кои доаѓаат да не
поддржат“.
„Честитки за
фудбалерите, тие се најзаслужни за овој успех, макотрпно работеа за да стигнат
до тука. Ја исполнивме првично зацртаната цел и можеме да бидеме задоволни.
Македонија покажа дека не припаѓа во оваа група“.