Македонија имаше одлична ждрепка за квалификациите за ЕП 2020 година, како најсилна селекција ја добивме Полска а во нашата група се уште и Австрија, Израел, Словенија и Летонија.
„Мислам дека добивме група во која се наоѓаат релативно израмнети репрезентации. Македонија влегува со нескриени амбиции, а притоа респектирајќи ги сите противници. Македонија не стравува од никого и може да се спротивстави со сите противници, само сплотено и тимски и со огромна поддршка од јавноста. Ние ќе одиме од натпревар во натпревар и се надевам дека ќе стигнеме до крајната цел, а тоа е пласман на Евро 2020. Откако ќе го дознаеме распоредот ќе започнеме со сите потребни активности за анализа и подобра подготовка на квалификациите“, изјави селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски.