Реал Мадрид слави во првото дерби против Атлетико Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Со головите на Родриго и Брахим Диаз „кралевите“ стигнаа до победата. Тренерот Карло Анчелоти го анализира одиграното на „Сантијаго Бернабеу“.
„Одигравме чист и компактен натпревар. Не притискавме премногу, ама тоа не беше ниту нашиот план бидејќи знаевме дека не сме доволно компактни за тоа. Атлетико го конторлираше мечот во некои интервали, ние во други, ама тие не направија премногу шанси.
Ова е осминафинале, ама лесно може да биде полуфинале или финале. Атлетико Мадрид е врвен тим во европски рамки и беше јасно дека двомечот нема да биде одлучен на првиот меч. Направивме мала предност и тоа ни дава самодоверба пред реваншот“, изјави Анчелоти.
Реваншот се игра на „Ванда Метрополитано“ следната среда во 21:00.