Анчелоти со две промени и една изненадувачка одлука ќе брка чудо против Арсенал (ФОТО)

by bojan
2 минути читање

Карло Анчелоти и Микел Артета ги открија адутите за реваншот на „Бернабеу“, Реал Мадрид има две промени, Лукас Васкез и Орелиан Чуамени се на местото на Лука Модриќ и Едуардо Камавинга, додека пак Арсенал е со истите 11 од мечот во Лондон.

Реал Мадрид се надева на нова магична ноќ во Лигата на шампиони, „кралевите“ вечерва на крилјата на своите навивачи ќе се обидат да се вратат од 3-0.

Карло Анчелоти ќе брка чудо со две промени и една изненадувачка одлука. Стратегот го вметна Лукас Васкез како десен бек и го врати Феде Валверде во средниот ред, каде место има и за Орелиан Чуамени, додека пак Лука Модриќ е седнат на клупа а Едуардо Камавинга поради суспензија нема право за настап.

Изненадување е тоа што Италијанецот инсистира со Давид Алаба како лев бек и покрај тоа што на првиот натпревар беше јасно дека дефанзивецот од Австрија не може да се справи со продорите на Англичанецот.

Што се однесува до тимот на Арсенал, Микел Артета има доверба во истите 11 од мечот во Лондон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани