Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти вели дека во последен миг ќе одлучи каква ќе биде инволвираноста на Винисиус Жуниор и Родриго против Аталанта, и додава дека практично и да немаат шанси за топ 8 пласман.
Реал Мадрид лошо ја отвори новата сезона во Лигата на шампиони, во моментов е на 24-то место, последното кое води во плеј-офот. До крајот има уште три кола а пред „кралевите“ утре е незгодна пресметка против Аталанта.
„Утрешниот натпревар е многу важен, но вреди само три бода. Ќе биде тешко да се пласираме во топ 8, и за жал ќе мора да играме една додатна рунда за пласман во осминафинале“ – рече Карло Анчелоти пред гостувањето во Бергамо.
„Имам целосна доверба во моите играчи, забележавме напредок и сме во добра форма“.
„Што се однесува до утрешниот натпревар, имам сомнежи само околу двајца фудбалери. После последниот тренинг ќе одлучиме каква ќе биде инволвираноста на Винисиус Жуниор и Родриго. Белингем е 100% фит и тој ќе игра“.