Анчелоти го посакува Бензема во Наполи

by
1 минути читање

Карло Анчелоти е
новиот тренер на Наполи, а тој доаѓа на местото на Маурицио Сари за кого се
шпекулира дека ќе седне на клупата на Челси.

Искусниот
италијански фудбалски стратег веќе има една голема желба на листата за
засилувања, а прв пик се чини дека е Карим Бензема од Реал Мадрид.

Според
информациите, Анчелоти желбата наречена „Бензема“ му ја испорачал на Де
Лаурентис, претседателот на Наполи уште во текот на разговорите помеѓу обете
страни дури се договарале условите за соработка.

Сепак, колку оваа
желба на Анчелоти е остварлива, останува да видиме во периодот кој претстои.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани