Аморим го побара во Милан, тој веќе се простил од соиграчите во Спортинг

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Португалија пренесуваат дека Мортен Хјулманд веќе се простил од соиграчите и стручниот штаб во Спортинг Лисабон, Данецот е една од трансфер желбите на Рубен Аморим во Милан.

Рубен Аморим оваа недела беше потврден за нов тренер на Милан, па стратегот ги идентификуваше играчите кои ги сака ова лето со цел да може да ја примени неговата омилена 3-4-2-1 формација.

Мортен Хјулманд е една од главните желби на стратегот, и како што пренесува Рекорд, тој веќе се простил од соиграчите и стручниот штаб во Спортинг Лисабон, Данецот сака неговата иднина да биде решена пред стартот на подготовките за новата сезона.

Во неговиот договор има откупна клаузула од 80 милиони евра, но постои и џентлменски договор со кој фудбалерот од средниот ред може да замине за разумна цена.

„Росонерите“ се надеваат дека ќе можат да го ангажираат Мортен Хјулманд за 35-40 милиони евра, односно половина од откупната клаузула.

ФОТО: X/Sporting CP

Можно е и ова да ти се допаѓа

×