Алвеш можеше да помине само со жолт картон, но го „предомисли“ судијата да му покаже црвен (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Олимпик Лион му нанесе
пораз на ПСЖ во редовното коло од француската Лига 1 изминатиот викенд откако
славеше со 2-1 на домашен терен.

Головите од дербито во
Франција беа фудбалски мајстории, а на истиот Бразилецот Дани Алвеш заработи
директен црвен картон во 57. минута
.

Бразилецот направи прекршок
над Н
Домбеле во една изгледна прилика по која можеше да се
загрози голот на гостите, главниот арбитар на мечот Клемен Турпин најпрво го
извади жолтиот картон, а потоа се предомисли веднаш и го испрати Алвеш
предвреме во соблекувалната.

Причината е сосема
јасна, откако судијата досуди прекршок, Алвеш реагираше бурно, со сиот свој
глас му се раздере во лице, а многумина претпоставуваат и дека употребил
погрдни зборови кон него…

class="twitter-video" data-lang="en">

pic.twitter.com/BXHJS39vjA

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани