117
Килиан Мбапе ќе го пропушти и третиот меч на Реал Мадрид од групната фаза на Светското клупско првенство, вечерва против Салцбург.
Францускиот ас е целосно закрепнат од болеста, но во периодот на опоравување загубил дури четири килограми, па сега тренира под посебен режим со цел да се врати во натпреварувачка форма. Тренерот Алонсо потврди дека Мбапе ќе биде подготвен за елиминационата фаза:
„Мбапе? Добар е. Ќе се врати за елиминациите“, рече кусо стратегот на „кралевите“.
Реал Мадрид мора да остане непоразен против Салцбург ако сака сигурно место во осминафиналето.