Алонсо нема да го има главниот збор за трансферите во Реал Мадрид!

by riste
0 минути читање

При преговорите, Реал Мадрид му напоменал на Чаби Алонсо дека клубот одлучува за трансферите и тој нема да има клучно влијание за тоа кои фудбалерите треба да се донесат или да заминат.

Според „Марка“, Алонсо ќе може да дава само сугестии, но одлуките ќе ги носи клубот.

Алонсо немал примедба на тоа, се согласил тој да ја нема клучната улога при носењето на нови играчи.

Дополнително, Марка открива дека асистент на Алонсо ќе му биде Себас Париља, а кондиционен тренер Алберто Енсиас.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани