Алисон останува во Рома, но со двојно поголема плата од сегашната

by
1 минути читање

Според
информациите кои пристигнуваат од Италија, се вели дека Рома е подготвена да му
ја зголеми платата на својот голман Алисон двојно повеќе, доколку Бразилецот
потпише договор за продолжување на соработката со тим од Рим.

Бразилецот беше
еден од главните предводници на италијанскиот калчолигаш сезонава во Лигата на
шампионите, каде Рома стигна дури до полуфиналето од тоа натпреварување и доби
високи оценки за своите настапи.

Алисон со своите
одлични перформанси сезонава го привлече вниманието на повеќе европски гиганти,
а доколку се остварат најавите, бразилскиот голман со новиот договор би
заработувал 3 милиони евра од сезона, со договор во времетраење до 2023.
година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани