Голманот на Рома,
Бразилецот Алисон се поврзува со неколку европски гиганти, меѓу кои најзагреани
за неговиот потпис се споменуваат Реал Мадрид и Ливерпул, двата финалисти во
Лигата на шампионите оваа сезона, но тој даде една интересна изјава во која
најави голема битка за трофеј идната сезона.
„Ние сите треба
да работиме повеќе бидејќи имавме добра сезона, но, не освоивме ништо. Сакавме
да освоиме некој трофеј, но не ја остваривме таа цел, така да мораме да
направиме нешто повеќе. Идната сезона сакам да ја видам Рома како подига
одреден трофеј, ќе работиме за да го оствариме тоа“ рече Алисон кој притоа
проговори и за својата иднина.
„Што ќе се случи
со мене во иднина? Само бог знае, го живеам секој момент интензивно, тоа го
правам уште од почетокот на сезоната, сакам голем успех и со селекцијата на
Бразил на Светското првенство, ќе видиме што ќе се случи. Би додал дека научив
многу од Ди Франческо (тренерот на Рома), тој ги подготвува натпреварите многу
добро и пред се’ доста
професионално“ додаде Бразилецот.