110
Одличните настапи на Езгијан Алиоски за Лугано се наградени со место во најдобриот тим за 2016 година во швајцарската лига.
Синоќа на свечена церемонија беа доделени наградите за најдобрите во швајцарскиот фудбал, а на подиумот место имаше и за македонскиот фудбалер.
Силно се шпекулираше дека Алиоски ќе замине од Лугано уште во јануари и ќе се пресели во поголем клуб, но тоа најверојатно ќе се случи во летниот преоден рок.