Фрустрирачки меч за Лидс против Брентфорд во кој судијата имаше неколку спорни одлуки на штета на домаќините. Пеналот од кој гостите поведоа беше прилично сомнителен, а судијата остана нем и по еден инцидент во кој беше вмешан токму Езгјан Алиоски.
Во обид што побрзо да изведе аут, Македонецот се обиде од клупата на Брентфорд да ја земе топката па настана мешаница а еден противнички играч се обиде да му удри глава, но промаши.
@EFL @EFLTrust if that #lufc game doesn’t get looked at and investigated for such terrible ‘officials’ decisions then you should be ashamed!!!!!! And the touch line disgrace them grabbing the ball and their player trying to headbut alioski #appalling #footballleaguescorrupt #mot pic.twitter.com/kBrVkhXmqO
— Karl Rennison (@KarlRennison) October 6, 2018
Мала утеха за Лидс можеби е тоа што Јансон на асистенција на Алиоски постигна гол во 88. минута и беше избегнат пораз.