Алиоски постигна голови во првите два натпревари од Лигата на нации, а Македонија славеше две победи. Следен е Лихтнштајн.
„Имаме две победи на стартот од Лига на нации, но ништо не е готово. Радува тоа што се наоѓаме во добра форма, имаме одлични фудбалери и сега не очекува Лихтенштајн. Мора да го добиеме овој меч. Но, пак велам дека ништо не е готово. И нема да е толку лесно, затоа што во фудбалот се е можно. Но, ние сме поквалитетни, ни се вратија Хасани и Адеми. Треба да имаме концентрација како на последните мечеви. Ако играме така, сигурно ќе победиме. Дадов два гола на првите два меча, но не ми е важно кој ќе даде гол, сакам да победиме. Секако дека сакам пак да дадам гол, но и да не дадам, ќе бидам среќен со три бода, изјави Алиоски.
Натпреварот меѓу Македонија и Лихтенштајн се игра на 13 октомври во 20:45 на „Филип Втори“ а билетите се пуштени во продажба по цена од 150 за северната и 100 денари за јужната трибина.