88
Чилеанецот се товари дека затаил данок од 1 милион евра во времето кога го носеше дресот на Барселона, Алексис Санчез не ги пријавил уредно приходите од имиџ правата во 2012 и 2013.
Како што пренесуваат медиумите од Шпанија, фудбалерот ја подмирил оваа сума плус камата и признал дека преку компании во странство избегнал плаќање на данок.
Тој исто така се спогодил и со обвинителството за затворска казна од 16 месеци, односно по 8 месеци за секое од двете дела.
Алексис Санчез сепак нема да заврши зад решетки. Како дел од спогодбата, казната е условна и ќе се активира само доколку во следните две години тој направи нов криминал.