Алегри се договорил со Арсенал?

by
1 минути читање

Англискиот весник пишува дека постојат големи шанси Алегри да биде новиот тренер на Арсенал, но вербалниот договор би станал реалност само доколку Арсен Венгер замине од клубот.

Арсенал игра уште една просечна сезона со можност оваа да биде и најлошата на Арсен Венгер доколку тимот не успее да обезбеди настап во Лигата на шампионите. Францускиот стратег има договор со клубот до крајот на оваа сезона и понуда за продолжување на соработката, па нејасно е дали ќе ја прифати.

Фановите на Арсенал сакаат тренерска смена, а никој нема против Алегри да го преземе кормилото од Венгер. Навивачите подолго време се незадоволни од Венгер, а дополнително ги налути потегот на Французинот да го остави Санчез на клупата за резерви на синоќешниот дерби меч против Ливерпул кој го загубија со 3-1.

Дополнителен аргумент дека Алегри би можел да замине во Арсенал е фактот што тој имаше неколку расправии со дел од клучните играчи на Јувентус како што се Дибала и Бонучи, па јасно е дека и покрај одличните резултат на теренот, атмосферата во соблекувалната не е идеална.

Англискиот медиум тврди дури и дека Алегри ја посочил својата прва трансфер желба, а тоа е 22-годишниот играч на Лацио, Сергеј Милинковиќ – Савиќ.

Веројатно до крајот на сезоната нема да дознаеме дали тврдењата на Сандеј Експрес се точни и дали Алегри ќе биде наследникот на Венгер. Но се очекува францускиот стратег најдоцна до крајот на април да се изјасни дали ќе остане во Северен Лондон или ќе замине.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани