Алегри: Им посакувам среќа на сите тренери, на Сари помалку!

by
1 минути читање

Алегри ја доби наградата „Panchina d’Oro“ за 2016/17 која се доделува на најдобриот тренер на сезоната.

„Најпрво сакам да им се заблагодарам на моите фудбалери кои ми дадоа мене и на клубот исклучително задоволство“, изјави Алегри по добивањето на наградата и продолжи:

„Ја посветувам оваа награда на мојот стручен штаб, кој ми овозможида бидам тука денес, но исто така и на клубот кој ми овозможи да седам на така престижна клупа“.

„Им посакувам среќа на сите тренери до крајот на сезоната… на Сари помалку“.

Наполи е главниот конкурент на Јувентус за Скудетото, па јасно е зошто Алегри му посака помалку среќа на Сари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани