Масимилијано
Алегри, шефот на стручниот штаб на италијанскиот првак Јувентус подолг период
се поврзува со преселба на клупата на Арсенал, каде треба да го замени Арсен
Венгер кој си заминува од тимот од Лондон по цели 22 години.
Запрашан за
својата иднина тој вели дека голема е веројатноста да остане во Торино, а
притоа ги сумираше резултатите од сработеното.
„Колкава е
веројатноста да останам во Јувентус? Голема е. Ќе имаме состанок со челниците
на клубот идната седмица и ќе почнеме со кроење на плановите за во иднина.
Јувентус секогаш се бори да ги достигне најголемите цели, секоја од моите
четири години овде беше поинаква. Првата ја добивме на самодоверба, во втората
добивме 25 од вкупно 2 натпревари и се вративме на вистински начин, во третата
константно бевме добри, а оваа сезона беше најдобрата“ рече Алегри.