Самуеле Ричи е првото засилување за „росонерите“ за новата сезона, фудбалерот од средниот ред стави потпис на четиригодишен договор со опција за додатни 12 месеци.
Милан попладнево го комплетираше трансферот на Самуеле Риџи, фудбалер кој со години им беше во бележникот, уште од времето кога настапуваше во Емполи.
„Милан може да соопшти дека го ангажираше Самуеле Ричи од од Торино. Фудбалерот од средниот ред стави потпис на договор со трајност до 30. јуни 2029, со опција (во корист на клубот) соработката да биде продолжена до 30. јуни 2030 година“ – се вели во известувањето.
Како што пренесуваат медиумите, „росонерите“ ќе платат околу 25 милиони евра, односно 23 милиони евра како фиксен дел, плус додатни 2 милиони евра во бонуси. Се верува дека Торино ќе добие и 10% од следната зделка.
ФОТО: X/AC Milan