289
Тео Волкот повеќе не е
во плановите на Арсенал, барем така се чини според сето тоа што се случува во
составот на тимот од Лондон.
На офанзивецот очајно му
е потребна минутажа за да избори место во селекцијата на Англија за Мундијалот
во Русија, а тоа би можел да го добие во Евертон, откако Сем Алардајс потврди
дека преговорите со Арсенал се во тек.
„Сите се интересирате за
тоа што сме заинтересирани за ангажман на Тео. Преговорите се во тек, останува
времето да покаже што ќе се случи“ истакна стратегот од клупата на тимот од Ливерпул.