186
Избраниците на
Лучано Спалети се мачат со формата изминативе месеци, па не само што го
изгубија првото место на табелата, се најдоа и надвор од топ 4.
На Интер очајно
му требаше победа против Беневенто, па притисокот си го стори своето и во
првите 45 минути, „Нероаѕурите“ веројатно одиграа најлошо оваа сезона и ниту еднаш
поопасно не се заканија по голот на гостите.
Сепак, домаќините
заиграа подобро во вториот дел и стигнаа до победа благодарејќи на два гола во
180 секунди кои ги постигнаа Милан Шкриниар и Андреа Ранокија.
Најпрво Словакот погоди
од еден корнер од десната страна, за потоа Италијанецот да реализира од еден
прекин исто така од десната страна.