„Ѓаволите“ оваа
сезона беа очајни и го имаа најлошиот старт во последните 28 години.
Катастрофалните резултати придонесоа клубот да загуби речиси една третина од
својата вредност или околу 1 милјарда долари од август до сега.
На барзата во
Њујорк, на крајот од август акциите на Манчестер јунајтед се продаваа за 27,20
долари, и клубот беше проценет на околу 3,1 милјарда долари. Но до 1. октомври,
акциите забележаа пад од 22% и се продаваа за 21.12 долари.
Кога во ноември
избраниците на Жозе Мурињо имаа серија од четири меча без пораз, цената на
акциите забележа одреден скок, но потоа следуваше нов пад до дури 17,25 долари
минатата недела.
Во понеделникот,
акциите се продаваа за 17,30 долари, но веста за отказот на Жозе Мурињо ги
раздвижи инвеститорите, па цената порасна за речиси 6% во еден ден и скокна до
18,39 долари, со што вредноста на Манчестер јунајтед порасна за околу 120
милиони долари.