Шкендија ја зголеми предноста на врвот на крајот од есенскиот дел од сезоната откако тие рутински си ја завршија задачата, а Вардар не успеа да слави во Струмица.
Шкендија со 3-0 го доби тетовското дерби против Ренова, стрелци на головите беа Нафиу, Бојку и Емери.
Дуелот меѓу Академија Пандев и Вардар заврши без победник, но и без голови 0-0. По едно полувреме им припадна и на двете екипи. Црвено-црните беа подобри на почетокот, домаќините своите шанси ги имаа во второто полувреме.
Во останатите натпревари Работнички загуби дома од Шкупи со 2-0, Македонија Ѓорче Петров со истиот резултат славеше кај Победа, Силекс со 1-0 ја совлада Беласица.
Табела по 18. oдиграни кола:1. Шкендија 40, 2. Вардар 35, 3. Академија Пандев 30, 4. Работнички 26, 5. Шкупи 23, 6. Македонија Ѓ.П. 21, 7. Ренова 7, 8. Силекс 18, 9. Победа 17, 10. Беласица 17.